Вклучувањето светло ноќе е штетно, но има решение

Вклучувањето светло ноќе е штетно, но има решениеИстражувачи од Велика Британија тврдат дека мошне штетно е ноќе да се вклучи светлото бидејќи тоа претставува шок за организмот и дури кога трае само неколку минути. Според нив овие светлосни удари врз организмот можат да предизвикаат појава на тумор на мозокот.

Кога ќе се вклучи светлото, велат тие, се будат и задвижуваат одреден вид клетки кои можат да формираат тумор на мозокот. Ова не е некое изненадување, според нив, бидејќи познато е дека зголемениот ризикот од појава на рак на дојка и тумор на простата во многу истражувања се поврзува со изложеност на вештачко светло на работници кои работат во ноќна смена. Ново е тоа што за првпат е утврдено дека дури и кусо изложување на вештачко светло го зголемува ризикот од појава на тумор и тоа на мозокот.

Истражувањата се вршени врз експериментални глувци на Универзитетот Лестер, под водство на Караламбос Киријаку. Во текот на експериментот, група на глувци била изложена на вештачко светло во траење од еден час. Кога биле извршени споредувања со глувците кои биле држени во мрак се покажало дека кај глувците кои биле изложувани на вештачко светло дошло до промени во ќелиите во мозокот одговорни за внатрешниот часовник, кој ги контролира телесните функции.

Слични тврдења дава и група израелски истражувачи кои вршеле експерименти независно од Британците. Доктор Рахел бен Шломо, од Универзитетот во Хаифа, им советува на луѓето кои се будат ноќе да одат во WC да не вклучуваат светло. Таа вели: “Постои голем ризик од секое вклучување светло за време на ноќта. Палењето на светлото ноќе влијае на внатрешниот часовник во човечкиот организам, кој е многу осетлив. Решение е поставување на светилки кои светат со слаб интензитет, но кои даваат доволно светлина за одредена потреба”.

Поттикнати од овие истражувања компанијата Arkon Resurse дојде до решение на проблемот произведувајќи мала направа наречена LavNav, кратенка од NavigationLavatory. LavNav за само 19,99 долари е технолошко умно решение за сите непријатности и ризици кои се јавуваат при ноќно палење светло за одење во WC.

Вклучувањето светло ноќе е штетно, но има решение
Малата направа бара само две АА батерии, а не ги троши брзо бидејќи се активира само кога ќе детектира движење, но мана му е што без светло мора да се дојде до WC шолјата. Штом ќе се дојде до неа светлото веднаш се активира, но ја осветлува само неа и тоа со слаба светлина, која не само што не предизвикува болка во главата заради блесокот од јака светлина и не е ризична за појава на тумор на мозокот туку и не ги буди и другите членови од семејството.

LavNav има уште една погодност: свети црвено кога даската за седење е крената и зелено кога е спуштена. Кога ќе се оддалечи корисникот светилката сама се гаси. LavNav е со мали димензии, а во кутивчето од бела пластика сместени се светлосни сензори од предната страна, а од задната леплива лента за прицврстување.
Вклучувањето светло ноќе е штетно, но има решение
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -