Епа драги читатели дојде време и за овој момент! Дојде крајот на акните, бубулиците, мозолчињата!
Решението е во секојдневната билка која ја користиме за многу работи.
Станува збор за маслото од лаванда и неговата секојдневна употреба. Односно, доколку редовно го чистите лицето со масло од лаванда, акните многу брзо ќе се повлечат без да остават лузна на лицето или црвенило. Лавандата е природен антисептик и аналгетик, па поради тоа брзо продира низ кожата и ги чисти и смирува сите воспалени пори. Исто така има и регенерирачки својства кои и помагаат на кожата да заздрави.
Постапката е многу едноставна. Нанесете една капка на парче памук или на чепкалка за уши и нежно истријте ја акната. Постапката треба од три до пет пати да се повтори дневно и набргу ќе ги забележите резултатите.
Резултатите од употребата на маслото од лаванда го потврдуваат повеќе истражувања од целиот свет. Не се забележани никакви несакани појави.
Како да направите масло од лаванда?
1 грст свежи или суви цветови од лаванда (може и делови од стеблото)
1/2 литар Екстра девствено маслиново масло од Фила
Подготовка:
Листовите и/или гранчињата од лаванда, било да се свежи или суви, ставете ги во поголем сад.
Во садот додајте го маслото, а потоа мешавината оставете ја да стои на топло и сончево место најмалку 3 дена.
Маслото исцедете го со филтер за кафе, за да се отстранат парчињата лаванда.