За време на гостувањето на претседателот на Србија – Александар Вучиќ во емисијата „Став“ на ТВ „О2“, во еден момент, постоеше реалност во која Албанија е Северна Албанија, а Зоран Заев е нејзин премиер.
Тој момент траеше многу кратко и само во главата на водителот, кој направи ненамерен лапсус и набројувајќи ги лидерите што учествуваа на состанокот за иницијативата за „Мал Шенген“ рече: „премиерот на Северна Албанија – Зоран Заев“.
Грешката помина незабележано и од водителот, и од српскиот претседател, но сигурни сме дека во нашево земјиче, вака предизбopно загреано (иако до избopи има уште 4 месеци!), ќе се најдат барем неколку што ќе си помислат: „Хм, добра идеја“.
LUPI ČOVEK I OSTADE ŽIV! Voditelj Stav na 02 Milovan Jovanović je masno omašio! pic.twitter.com/zOWufmd9Uh
— Pluton (@Pluton45873221) December 24, 2019