„Некст тајм“ веќе некое време не беа присутни на македонската музичка сцена, па сега се вратија со промоција на видео-запис за песната „Ја излези Ѓурѓо“ .
Покрај близнаците Мартин и Стефан, во спотот се појавува и познатата одбојкарка Власта Ружиновска.
Она што сите ги изненади беше новиот изглед на момците од рок-бендот, кои за кратко време од дечки се претворија во секси мажи.
Во последно време е актуелен трендот ламберсексуалци – густа брада, карирана кошула, високи чизми.
Како и да е, песната, спотот и самите тие се едноставно супер.