Ми рекоа:
1. Имаш среќа што имаш работа
Го слушаме цело време. Но, нема ништо среќно во тоа да го поминуваш најголемиот дел од будното време во правење на било што за некого друг. Може да се рече дека имаш среќа ако навистина уживаш во тоа што го работиш, бидејќи тоа се случува многу ретко. Но, да имаш работа која ја мразиш, како и мнозинството од популацијата (70% од Американците си ја мразат работата)? Тоа е спротивно од „имање среќа“ – тоа се случува често и е несреќа.
2. Те плаќаат колку што вредиш
Човечкиот потенцијал е неограничен, но времето Е ограничено. Тоа го прави времето на сите многу скап ресурс. За жал, современата култура не се занимава со човековиот потенцијал, освен со човековиот потенцијал да прави пари. Платен си колку што му вредиш на твојот работодавач, што најчесто е само доволно за да те држи доволно очаен да продолжиш да работиш во негова корист.
3. Ти треба работа за да бидеш продуктивен
Дали консултантите што консултираат консултанти, за тоа како да консултираат консултанти… се продуктивни? Веројатно не. Сé што вработеноста имплицира е дека ќе добиеш плата. Вработеноста не е еднаква со продуктивноста. Тоа е мит – дека тие што работат регуларна работа се „продуктивни членови на општеството“. Всушност, тие со највисоко платени работи се често помеѓу најнепродуктивните членови на општеството. На пример, инвестиционите банкари од Волстрит што ја срушија економијата во САД.
Всушност, изненадувачки често, невработените се попродуктивни од оние типичните платени работници. Добра мајка, на пример, работи речиси 100 часа неделно во подигнувањето на своето дете. Тоа е меѓу најзахтевните и најважни работи што постојат. Иднината на општеството многу буквално зависи од нивната работа и врз тоа како ќе израснат следните генерации.
…А не е платена. Нема поврзаност помеѓу работата и продуктивноста, не каузална. Нема ни поврзаност помеѓу монетарната вредност и реалната вредност во светот.
4. Добрите компании се добри вработувачи
Те најмуваат да правиш пари за нив, не за да ти бидат пријател. Ако можат да направат повеќе пари со тоа што ќе те заменат со технологија или некој понаивен и финансиски поочаен, ќе го направат тоа.
5. Невработените се мрзливи
Ако си невработен не значи дека си мрзлив. Да се бара и да се аплицира за работа е исто така напорна работа. А напорна работа е и да се постигне нешто без финансиска помош и поддршка од имање на постојана работа. Како е мрзлив невработениот што има самодисциплина да брка ствари оставен сам на себе, без очекување на плата, во споредба со вработениот кој малку прави нешто друго освен тоа што му е кажано?
6. Работата е мисијата на животот. Живееш за да работиш…
„Што работиш?“ и „Како е на работа?“ се првите нешта што луѓето ги прашуваат, па природно е да поверуваме дека се и најважни. Кажано ни е дека мораме да одиме во училиште најмалку 18+ години од нашите животи, за да најдеме работа. Не за да учиме, не за да ја најдеме нашата страст. Не за да го преиспитуваме авторитетот, не за да додадеме вредност во општеството.
Воспитани и израснати сме со цел да правиме пари. Но, има толку многу повеќе за што вреди да се живее – основни човекови цели кои често ги ставаме настрана во име на работата… Како среќа, здравје, знаење, љубов и прогрес.
7. Секој мора да заработи живеачка…
Ова беше вистинито кога секој мораше буквално да ги ора полињата за храна за да преживее. Веќе не е така. Порано на човештвото му требаше 90% од работната сила за да се прехраниме. Сега ни е потребен само 1.7%.
Се разбира дека сé уште мораме да работиме за да продолжиме со иновација и прогрес. Но, реално, веќе не мораме да работиме само за живеачка. На пример, во САД се фрлаат 40% од храната што се произведува и има 6 празни дома на секој бездомник. Западниот свет буквално живее во ера на изобилство. Системот на парите и воркохоличната култура се тие што нé спречуваат да ја сфатиме новата реалност.
8. Работи напорно…
Ако учеше напорно во училиште и имаше доволно добри оценки, тоа значеше дека ќе најдеш добра работа. Тоа веќе не е вистина, а таков исход има во мал број случаи.
9. Не можам да најдам работа…
Постои огромен недостаток од работа и работни места, особено оние што се значајни. Сепак, и понатаму има многу работа за сработување: погледни наоколу – растечка нееднаквост во приходите, сиромаштија, глобално загревање и милион други проблеми.
Ќе биде потребна огромна количина на работа и труд за да ги поправиме проблемите. Фората е што никој не креира доволно работни места за да биде сработена таа работа што мора да се сработи… бидејќи не е профитабилно. Барем не како коцкање со акции од вредност.