Запознајте ја модната дива на Карл Лагерфелд

Откако Парис Хилтон го започна трендот со својата чивава, разгалените миленици станаа есенцијален детаљ на познатите. Запознајте ја ѕвездата во оваа категорија – влакнестото пријателче на Карл Лагерфелд, мачката Шупет.

Во две симултани интервјуа, едното за i.D. magazine, а другото за Harper’s Bazzar, дизајнерот за Шанел раскажува за неговиот најдобар пријател.

Оваа мачка сака прошетки низ модната писта повеќе од прошетки во парк, и наместо долги излежувања во градина, претпочита шопинг. Како вистинска дива, таа нема само едно име, туку три.

– Нејзиното име е Шупет, принцезата Шупет или Мис Шупет. Снежно бела е, со нијанси на боја на карамела околу очите, ушите и опашката – изјавил францускиот дизајнер, додавајќи дека таа не сака да јаде од под, а секогаш јаде заедно со него на маса.

Исто така, Лагерфелд додал дека неговата омилена мачка не гребе, бидејќи добива неделен маникир, и објаснува зошто никогаш не мјаука.

–  Докторот и го прави маникирот. Таа не сака кога тоа го правиме ние самите. Едниствено тогаш знае да направи скандал. Знае точно што сака – нагласил тој.

Иако Шупет е како злато за нејзиниот сопственик, малечкото диво дете има и немирна страна и сака да си игра со нејзините слугинки, Франсоа и Марџори.

– Обожава да уништува хартија, тоа е она што најмногу сака да прави и истовремено да ги излуди нејзините слугинки. Со мене е секогаш сталожена и мирна – истакнал Карл.

- Реклама -