„Ла верита“ со нови документи: Зоран и Вице Заев вмешани во купопродажба на гласови во Македонија

Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник „Ла верита“. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини?

За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

Авторот на овој текст пишува дека по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, можеда продолжиме со објавување во три дела документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.

„Тој за време на парламентарните избори во 2014година, како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев. Доказите за таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да почне судски процес против осомничените.

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, роковите не се застарени, па може да се очекува дека сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот.

Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се на располагање на обвинителството, ќе објавуваме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Податоците од истражните мерки на делото според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период се фалел дека е одбран од Европската Унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници.

Фактот што во 2014 година македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини, екс-претседателот на Европската Комисија Јункер, и на администрацијата на Обама, бидејќи го одбрале Заев како нивен човек од доверба.

Тоа што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен договор помеѓу тогашниот премиер Груевски и марионетата на Могерини, Зоран Заев.

Целиот текст тука

- Реклама -