Гостилница Ла Тана го прослави првиот роденден (фото)

Многу музика, голем број на гости, огномет, вкусна храна го одбележаа првиот роденден на гостилница Ла Тана. 

Забава и роденден кој долго ќе се памети тоа е заклучокот од големата прослава. Менаџментот го одржа даденото ветување прославата беше и повеќе од спектакуларна. За добрата забава се погрижиjа македонските музички ѕвезди Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Милан Завков и бендот од емисијата Зајди Зајди.

1235385_10201963306502828_352012884_n

“Кога ве гледам вечерва во толку голем број се потсеќам на периодот кога Ла Тана беше само моја замисла во која цврсто верував дека може да се реализира и да успее. Денес после една година посебно сум горд што можам да кажам дека мојот сон се оствари ”, изјави сопственикот и главниот виновник за добрата забава, Горјан Тиковски.

59715_10201963319423151_1972736546_n

Сопственикот во своето обраќање даде ветување дека и во иднина Ла Тана ќе биде место каде што секој посетител ќе ги доживува најпрекрасните моменти.

1239843_10201963218180620_281067801_n

Дека сопственикот и тимот на гостилницата имаат големо срце доказ е и хуманитарната акција која беше организирана вечерта, а на која се собираа средства за Училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ од општина Кисела Вода.

1236806_10201963386904838_897509347_n

Во текот на изминатите 365 дена голем број на гости уживаа во богатата музичка програма која ја нуди гостилницата и вкусното македонско мени.

- Реклама -