Комисијата за заразни болести утрово донела предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, информираат од Министерството за здравство.
Како што велат оттаму, според анализите, во моментов немало индикација (за потреба од ПЦР тестови), односно немало висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите, проценила Комисијата.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија