Курсеви за носење на високи потпетици

Решетките на уличните шахти, нееднаквите тротоари, убиствено високите скалила… Да, не е лесно да сте постојано на високи потпетици во големите градови. Во Њујорк Виктор Чу се справува со решавање на проблемот. Овој нов гуру создаде курс за да ги научи жените како да одат на потпетици во Њујорк. За 50 долари, поранешниот дизајнер на Reebok и Ugg ветува дека ќе обезбеди вредни знаења за елегантнао одење на потпетици.

„Дури 95 проценти  од жените не можат да одат на потпетици”, тврди Виктор Чу за списанието Time.  Тој ветува дека за еден час може со применување на тактика  да ги  научи жените да се движат на тешки терени со 8см потпетици.

Виктор  дава технички совети како на пример како да се застане од петата до прстите, да се вклучат мускулите на стомакот за рамнотежа, па да се направи чекор, како дамите да се опуштат и да не ги  преоптоваруваат колковите и колената. Најважно од се, сепак е да ги истегнат  глуждовите, за да се спречат грчеви и повреди.

Тој, исто така, препорачува да не се надминуваат 7,5 см: „Повеќето жени не сакаат да слушнат, но потпетиците повисоки од 7,5 сантиметра се навистина опасни”.

Иако самиот Чу никогаш не носи потпетици, тој го познава добро дизајнот на чевли од времето кое го има  поминато во Reebok и Ugg.

- Реклама -