Курс по оргазам, масажа и врзување

Т.н. “Фестивал на навистина добриот секс” нема како да не го привлече вниманието на секој кој ја следи програмата со настани и актуелните трендови во секс-индустријата веќе петта година.

Очекувањето е нешто како првиот училишен ден – наместо да исчекуваш да видиш каков учител ќе ти се падне за класен, сега очекуваш да видиш како луѓето мастурбираат или прават нешто за кое што само си слушнал претходно, коментира “Гардијан” како вовед во своите впечатоци од прво лице.

Festival of Really Good Sex се одржува кон крајот на јануари секоја година во Сиднеј, Австралија.

Сите фетиши и сексуални практики се претставени на Festival od Really Good Sex во Сиднеј
Сите фетиши и сексуални практики се претставени на Festival od Really Good Sex во Сиднеј

Во рок од два викенди посетителите се поканети да “размислуваат што значи најдобар секс за нив, нивниот став кон сексот воопшто и нивниот идентитет”. Дотука со здодевниот дел.

Организаторите во програмата вклучиле семинари, перформанси и вечерна забавна програма – од “Како да правиме бебиња” до “Порно јога за порно љубовници”.

Има и курсеви по еротско врзување предводени од јапонски жени, стриптиз, масажа на пениси, како и посебни совети за дебели луѓе како да го претворат вишокот килограми од недостаток, во сексуална предност.

Всушност, поголемиот дел од програмата е теоретска – претежно дискусии, но не недостасува ни практичниот дел. Ако присуствувате на нешто слично ќе бидете сведоци на многу смеа и непријатни ситуации од утро до вечер. Фестивалов, сепак, е еден од најсигурните начини да останете без пари, особено ако сте туристи, и на крајот на денот се прашувате дали ќе беше подобро едноставно да заминевте на плажа.

Има и курс по еротско врзување
Има и курс по еротско врзување

Почнав со работилницата “Дишење за време на оргазам”, воден од познатиот лекар и професор по еротска масажа, Џозеф Крамер.

На почетокот тој покажа неколку техники за дишење, бидејќи дишењето се покажа клучно за доброто сексуално искуство. Следеше 30-минутна заедничка еротска медитација во која сите ги остваруваат дишните техники – вдишување и издишување.

Ефектот беше опипливо стимулирачки и во еден момент луѓето ги опуштија грлата. Еден човек почна да вие како шкотски овчар, а жената до мене како да преживува породилни маки. Во овој момент единственото што ми доаѓаше на ум, беше мојот телефон на дното на торбата, од каде за малку ќе беше лансиран совршен tweet.

Најпосле имаше луѓе со солзи радосници. Изгледаа како да преживеале некаква реинкарнација или географско откритие, а мене дури ветувањето за колективен организам предизвикан со дишењето, не ми делуваше ни интересно пред дигиталната зависност и стремежот што е можно побрзо да се дојде до телефонот.

Прочитајте и:  Хип Хоп Фест во Гази Баба
Има и модул посветен на полигамијата

Сфатив дека треба да инсталирам апликација која ќе ме потсетува да поминувам повеќе време во “реалниот свет”.

Уште еден заклучок – недостасуваат толку многу знаења за сексот

Единственото на кое што се сеќавам од основно училиште се неколку фотографии на гениталии, како и фазите на сифилис. Во училниците не се зборуваше за задоволството или желбата за секс, туку за безбедноста, согласноста и довербата кон партнерот.

Можеби сексуалното образование треба да е малку поинакво, но тоа е веќе друга тема.

Фестивалот на навистина добриот секс за мене продолжи со курсот “поради тато”, еуфемистички израз за BDSM, во кој жените се “слатките девојчиња на тато” и улогата на мажот е акцентирана.

Добрата девојка на тато
Добрата девојка на тато

Од самиот почеток работите тргнаа ударно и водителот Лукас Зрипа ја избра најсексапилната девојка од публиката, ја покани на сцената и со едно подмавнување на нејзината рака рече: “Јас ќе те имам”. Од таму натаму работите не станаа помалку чудни.

Тој ја седна девојката во скутот и почна да ја гали.

И зборуваше нешта од типот на “Тато знае најдобро”, “Убаво е да си лош” ќе биде казнета ако не му се потчини, ќе и ги земе автомобилот и кредитната картичка. Објаснуваше дека добрата девојка мора да ја заработи повторно неговата доверба, а исто така и да му даде целосен пристап до нејзиниот телефон и eлектронска пошта.

Во тоа време шокираната публика учи за овој вид поврзаност помеѓу “татенце” и “добрата девојка”.

Тоа може и да функционира за некои парови, но не можам да ја прифатам финансиската контрола и правото на жената да одбие секс.

Подоцна Зрипа објасни дека во BDSM врските доминацијата на едниот партнер и динамиката е прашање на општа согласност.

“Едно од главните прашања на курсот е колку далеку може да стигне согласноста, ако двајцата се обврзани со силна љубов и доверба. Одговорот кој го давам, е – таванот е до небото. Важно е заедно да ги дефинирате правилата”, рече тој.

Фестивалот навистина нема ограничувања – има модули посветени на сексот меѓу мажи, половиот контакт со дебели луѓе, 15-минутни масажи на клиторисот и на пенисот, полигамија, неверства, еротски фотографии, дури и прегратки, а за најистрајните има и 4-часовен сексуален ритуал во кој треба да се вклучат.

Ако барате дефиниција на добриот секс, овој фестивал нуди многу можности, па на крајот на денот навистина може да имате подобра идеја во главата, теоретски или практично.

- Реклама -