Курдските сили најавија дека влегле во северниот ирачки град Синџар и презеле контрола врз стратешки објекти за време на офанзивата против “Исламска држава”, пренесе Reuters.
“Исламска држава” е разбиена и бега “, стои во соопштението на курдскиот регионален совет за безбедност на социјалната мрежа. Курдите ја презеле контролата врз фабрика, болница и неколку јавни згради. Дописникот на Reuters известува дека стотици ирачки Курди влегле во градот и се движат по главниот пат, без да се соочуваат со отпор.