Купил фотографија за 2 долари, што вреди 5 милиони

Фотографија на разбојникот од Дивиот Запад, Били Кид, купена за 2 долари, може да биде продадена за 5 милиони долари на аукција, според трговец на ретки монети од Калифорнија.

Во 2010 година Ренди Гуиџаро ја купува сликата за 2 долари од продавница за стари работи во Њујорк, Калифорнија, според компанијата Kagin’s Inc., која ја потврдила нејзината автентичност.

На сликата разбојникот и членови на неговата банда играат крикет во близина на мала куќа. Фотографијата е направена во текот на летото во 1878 година, според Kagin’s.

„Кога за прв пат ја видовме сликата, логично бевме скептични – оригиналната слика на Били Кид е Светиот грал на Дивиот Запад”, вели Дејвид Макарти, виш нумизмат во Kagin’s.

kibi

На тимот од експерти им била потребна речиси една година, за да потврдат дека фотографијата е автентична.

„ Моравме да бидеме сигурни за да одговориме и да потврдиме кога, како и зошто била направена оваа слика”, вели тој. Таа се проценува на 5 милиони долари врз основа на цената платена за единствената друга слика на Били Кид, која беше купена за 2,3 милиони долари во 2010 година.

- Реклама -