Купил фотографија на eBay за 7 фунти, излезе дека вреди милиони

Еден колекционер налета на вистински џекпот – фотката што ја купил за 7 фунти на eBay излезе дека е оригинал и потенцијално вреди најмалку 2 милиони долари.

45-годишниот Џастин Витинг ја купил фотката во јули 2017-та и веднаш го контактирал Вил Данивеј – експерт за фотографии од 19-ти век, кој бил воодушевен кога неговата форензичка експертиза покажала дека фотографијата од прославениот одметник од Дивиот Запад – Џеси Џејмс, е оригинал и може да се продаде за најмалку 7 цифри.

Џастин, купувачот, вели:

„Сé е можно на eBay па продолжив да купувам чудни фотографии за неколку фунти, исто како што другите луѓе купуваат лото тикет“.

Кога ја добил фотографијата што ја купил за 10 долари, сфатил дека ова може да е вистинска фотографија. Џастин со години бил опседнат со американски одметници и има прочитано многу книги и ги има проучувано нивните лица, а фотографијата била идентична со една од тие во неговите книги, освен што била целосна.

Експертизата потврдила дека се работи за оригинал портрет од ограбувачот на банки Џеси Џејмс, кога тој имал 14 години. Фотографијата потекнува од 1861 – 1862 година, и веројатно е сликана на истиот ден кога била сликана и таа во книгите што ги проучувал Џастин.

 

 

Колку за споредба, автентична фотографија од одметникот Били Д’ Кид во 2015-та беше продадена за 5 милиони долари. Џеси Џејмс е исто така позната фигура, па несомнено е дека фотографијата вреди.

Џеси Џејмс од фотографијата на Витинг (десно) спореден со друга постоечка фотографија (лево) на истата возраст.

Што се однесува до Џастин, тој е без работа уште од 2003 година, поради проблеми со грбот. Дефинитивно ќе ја продава фотографијата и веќе има стапено во контакт со неколку аукциски куќи. Вели дека конечно ќе може да си купи своја куќа и своја кола. „Не можам да дочекам. Некогаш навистина се случуваат убави нешта“.

Во меѓувреме, Џастин вели дека е екстра внимателен. „Оваа фотографија е највредното нешто што некогаш сум го поседувал. Сега засега ќе остане во сефот на еден мој пријател“.

- Реклама -