„КУПИ КУЌА,КУПИ СТАН“: Наместо 50 државата ќе покрива 70 отсто од месечната рата за лица до 35 години

Наместо 50 отсто државата ќе покрива 70 отсто од месечната рата за купување на стан за понудата која важи за лица до 35 години. Ова важи од годинава а се однесува на проектот „Купи куќа,купи стан“.

Намалени камати и многу други поволности се најавија од надлежното министерство кое го води проектот а за три дена во Скопје Сити Мол ќе има саем за „Купи куќа, купи стан“ на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата .

Што се однесува до каматните стапки за субвенционирана рата , тие годинава се намалени д 3,9 отсто на 2,9 отсто.

Од друга страна за четврта и пета година стапката е намалена од 4,4 отсто на 3,9 отсто.

Повеќе на Фактор

- Реклама -