Наместо 50 отсто државата ќе покрива 70 отсто од месечната рата за купување на стан за понудата која важи за лица до 35 години. Ова важи од годинава а се однесува на проектот „Купи куќа,купи стан“.
Намалени камати и многу други поволности се најавија од надлежното министерство кое го води проектот а за три дена во Скопје Сити Мол ќе има саем за „Купи куќа, купи стан“ на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата .
Што се однесува до каматните стапки за субвенционирана рата , тие годинава се намалени д 3,9 отсто на 2,9 отсто.
Од друга страна за четврта и пета година стапката е намалена од 4,4 отсто на 3,9 отсто.
Повеќе на Фактор