Купете селски имот во Шпанија

 

Рецесијата која ја зафати Шпанија, ги натера жителите на оваа земја да распродаваат земјишта и куќи во руралните средини, а цените се движат од 60.000 до 240.000 евра.

Евентуалните купувачи би можеле да поседуваат куќа со три соби, пет помошни објекти, извор на вода, како и обработливо земјиште.

Според податоците на агентите за недвижности, во Шпанија во моментов има 2.900 напуштени села. Кога рецесијата ја зафатила оваа земја за прв пат во 2007. година, сопствениците се насочиле кон градовите во потрага по работа.

Дел од овие имоти веќе се во сопственост на странци, најмногу Британци, со цел да направат одлични места во кои ќе го проживеат животот по заминувањето во пензија.

Oвој човек купил цело село во Шпанија за 45.000 евра
- Реклама -