„Кумот не е копче“, гласи една позната српска изрека, а уште кога кумот е Новак Ѓоковиќ на радоста ѝ нема крај.
Така беше во саботата во Белград, каде најдобриот светски тенисер бил кум на пријател од детството Невен Марковиќ.
По церемонијата, Ноле со младоженците се прошетал на Калемегдан, каде биле сликани од фоторепортери од Alo!.
Кумот не ја трнал насмевката од лицето, среќен што обрвските му дозволија да присуствува на свадбата на фудбалерот со кој израснат во Бањица.
По кој знае кој пат тенисерот покажа дека успехот, славата и парите не го промениле, туку дека семејството и пријателите му се најголемо богатство во животот. Поради обврските околу нивниот син Стефан, неговата сопруга Јелена не присуствувала во црковната церемонија, но подоцна пристигна на прославата.