Home Култура Книги „Култура Бета“ прославува 4 години постоење

„Култура Бета“ прославува 4 години постоење

0
„Култура Бета“ прославува 4 години постоење

Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, младинското здружение за култура „Култура Бета“ го прославува својот 4. роденден.

Настанот започнува во 18:30 во кафе-книжарницата „Буква“. Првиот дел од настанот, кој започнува во 18:30, е претставувањето на романот „Ронлива“, во 20:00 започува Поетската епизода, а во 22:00 часот ќе започне свирката на „Кенопсија“. Во текот на целата вечер во „Буква“ ќе биде поставен и штанд на младинската креативна платформа „Спознавање“ каде што ќе може да се купат нивните списанија.

Романот „Ронлива“ е првиот дебитантски роман на младата авторка поетеса и писателка Милена Сиљаноска. „Ронлива“ е поетски роман, роман за книжевноста, испреплетен со многу музика и со многу љубов. Во рамки на преставувањето на „Ронлива“ ќе може да се проследи разговор со авторката Милена Сиљаноска придружен со осврт за романот, а потоа авторката ќе потпишува примероци од него. Настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски.

9. Поетска епизода е посветена на ангажираната поезија под мотото „Нешто е гнило (во државата данска?). На ова поетско читање ќе настапат 7 поетеси и поети: Виолета Танчева-Златева, Љубица Петровска, Ива Петреска, Благица Трајкоска, Ангела Бошкоска и младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова кои и ќе го модерираат настанот.

„Кеноспија“ е новиот проект на младиот музичар Виктор Стојчевски чиј прв албум излезе минатата година. По промоцијата на романот во октомври во кафе-книжарницата „Буква“, а во соработка со „Култура Бета“, овојпат „Кенопсија“ гостуваат со акустична свирка во дуо формат со Виктор Стојчевски и Мартин Џорлев.

„Спознавање“ е младинска креативна платформа од Битола која до сега има издадено три броја од своето списание „Спознавање“ главно фокусирана на музика. Меѓу кориците можете да најдете интервјуа со локални музичари и бендови – во најновиот број може да ги прочитате разговорите со Funk Shui, КЕМ, Паркети, Жива, Свемирко и Искра; како и разговори со независната театарска група „Артопија“, музичката продукција „Пасворд“ и младиот фотограф Никола Јовановиќ. Во рамки на списанието може да се прочитаат и неколку колумни, како и преставување на неколку локални уметници. Со овој настан „Култура Бета“ ја прославува својата работа изминативе 4 години и со ова се отвора уште една, ново, петта по ред, година во која здружението планира уште повеќе настани, соработки со локалната и младинска културна сцена, креирање содржини, објавување свои изданија и поткасти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here