Сценаристот Мирослав Момчиловиќ потврди дека е во фаза на пишување на новите авантури на славните јунаци од белгратски Вождовац. Повторно ќе се дружиме со Сумпур, Браца, Барон, Кенгур и компанија. Култната комедија на Радивоје Андриќ излезе далечната 2004, а 13 години подоцна се спрема продолжеток.
„Изненаден сум и премногу се радувам што ќе почнеме да работиме на продолжетокот. Искрено не очекував дека филмот ќе доживее таков „бум“, тоа се случи кога прв пат беше емитуван на телевизија, а најголема експанзија доживеа на интернет“. изјави Предраг Бјелац.
Се радуваме и ние и едвај чекаме да го гледаме вториот дел.
Сцени од кецот …