Еден од основачите на Универзитетот во Феникс, Џон Марфи и неговата сопруга Пола продаваат замок во Сан Франциско за сума од 27 милиони долари. Според The Wall Street Journal, оваа куќа со девет спални е купена во 1997 година за сума од 6.3 милиони долари. Спектакуларниoт дом поседува неповторлива глетка кон Сан Франциско и има пет ката, до кои може да се пристигне со лифт. Голем дел од мебелот е од пред 100 години, но во останатите делови на зградата има современ мебел. Куќата има скриен бар, чија врата се отвора по едно притиснување на копче. Погледнете неколку фотографии.