Casa San Sen ја проектирал Алехандро Санчез Гарсиа, а е инспирирана од егзотичната атмосфера на местото каде што е изградена.
Лоцирана е во мексиканскиот град Вале де Браво. Куќата е проектирана со цел да пружа задоволство како во ентериерот така и во екстериерот. Куќата се протега на едно ниво, а класичните ѕидови се заменети со транспарентни стаклени површини што овозможуваат подобро природно осветлување и поврзаност со околината. Куќата рефлектира рустикално-егзотичен изглед првенствено поради материјалите што го дефинираат.