Филмот на Џексон “Хобитот” е базиран на истоимената книга од Толкинс, која на Нов Зеланд му донесе орди од туристи кои ги посетуваа локациите каде што филмот беше снимен. Една од главните атракции од низата локации е и „куќата на хобитот“.
Куќата е дизајнирана од архитектот Питер Арчер и е најмногу препознатлива по необичната кружна врата. Токму преку неа режисерот Питер Џексон излезе и зачекори на сцената за време на свечената премиера на првиот дел од трилогијата.
Камената структура покриена со трева и ниска вегетација, е исполнета со оригинални предмети од фановите на Толкин од целиот свет, како и лични предмети на писателот кој е воедно познат и по трилогијата “Господар на прстените”.
Топлите дрвени греди кои се наоѓаат над масовниот камин, преовладуваат во куќата, баш онака како што Толкин опишува во неговите книги. Токму и дел од оригиналните ракописи се чуваат тука.
Со оглед на тоа што голем број на фанови на Толкинс и Џексон често го посетуваат Нов Зеланд, Џексон реши ја претвори куќата во музеј, па “хобит куќата” стана уште една важна поставка за туристичките водичи.
„Хобитот“ е роман кој Толкинс го напишал во 1936 година, за на пазарот да се појави само една година подоцна. Иако најпрвин е пишувана како книга наменета за деца, сепак, литературата на Толкинс набргу ја надраснува, а „Господар на прстените“ прераснува во еден од феномените на 20-от век.