Куќен ред за мигранти

Поради големиот бран на бегалци треба да се тргне од тоа дека многумина ќе останат во нашата земја – вели австриски политичар и додава дека поради соживот без проблеми потребен е „куќен ред“ за мигрантите.

Azilanti-emigranti-imigranti-izbeglice-voz-guzva-Djevdjelija-3-620x350
Заменик претседателот на австриската покраина Бургенланд, преку која што мигрантите влегуваат во Австрија и Унгарија, Јохан Чирц состави неколку правила за однесување.

„Поради големиот бран бегалци треба да се појде од тоа дека многумина ќе останат во нашата земја“, вели тој и додава дека поради соживот без проблеми е потребен куќен ред за мигрантите.

Tan2015-9-5_92218829_2

Неговите правила на однесување содржат девет точки, меѓу кои е и забраната на секс на јавни места.

„Не смеете да имате сексуални односи на јавни места“, се наведува во прирачникот.

Исто така, бегалците мораат да го почитуваат мирот во текот на ноќта, да фрлаат ѓубре во контејнерите и да бидат толерантни.

Неопходно е да се избегнуваат и провокации насочени кон припадниците на други вери, а бегалците мораат со почит да се однесуваат кон верските симболи и други верски заедници.

Поранешниот припадник на австриската полиција Чириц истакнува дека неговиот правилник е само препорака, која би требало да се најде во сите објекти за сместување на бегалците.

Не е наведено што ќе се случи доколку дојде до прекршување на правилата.

- Реклама -