Куќа во совршена хармонија со шумата

Инспириран од моќниот облик на дрвјата, данскиот архитект Конард Војцик креирал интересна современа колиба во облик на буквата А.Како срамежливо, на прсти, да успеала да се искраде сред шумата и без вообичаено дно на земјата, оваа куќа за двајца го завзема своето место меѓу високите стебла.

Опремена е со соларни панели и пумпа, а вкупно има 60 квадрати на четири нивоа.

pre-iskonska-simbioza-02

Човекот денес немилосрдно искористува и уништува цели шуми, кои неретко стануваат жртва на дивата урбанизација. Освен што во процесот на урбанизација страдаат дрва, тоа значи дека страда и природното живеалиште на многу животински видови, па и нивно исчезнување.

Данскиот архитект Конрад Војцик смета дека тоа не претставува никаква симбиоза со природата, и дошол до идеја како да се дизајнира живеалиште кое би претставувало токму тоа – смирување на човекот со природата во праисконската симбиоза помеѓу дрвјата и модерните објекти.

„Тоа не е симбиоза… Тоа е покољ. Масовно уништување на шумите. Бесконечен број на бетонски блокови наредени во линии како надгробни споменици… споменици на човечката глупавост? Не повеќе!“ – вели Војцик.

1 2

- Реклама -