Кучиња спасувачи во Италија (видео)

кучиња спасувачиМожеби не изгледаат како Памела Андерсон во црвен костум за капење, но во Италија голем број на кучиња во моментов се подложени на специјален тренинг. Овие кучиња учат како да скокаат од хеликоптери и бродови за да им помогнат на беспомошните пливачи.

Можеби не изгледаат како Памела Андерсон во црвен костум за капење, но во Италија голем број на кучиња во моментов се подложени на специјален тренинг. Овие кучиња учат како да скокаат од хеликоптери и бродови за да им помогнат на беспомошните пливачи.

{youtube}KLjzqbuc94w{/youtube}

Италијанската крајбрежна стража користи 300 кучиња спасувачи, најголемиот дел од расите голден ритривер и лабрадор, кои работат заедно со спасувачи луѓе. Одговорните лица велат дека кучињата се одлични за носење на гумени прстени до оние пливачи кои имаат потешкотии, и да бидат „интелигентни пловки“. На кучињата им се препишува дел од над 3000 животи кои секоја година се спасени од давење, што не е лошо кога се знае дека знаат да пливаат само во кучешки стил.
- Реклама -