Кучиња – модели за најновата колекција на Acne

Најновата пролетна колекција на брендот Acne, наместo модели ја претставија кучиња.

Станува збор за расата на вајмарски птичjари кои ги носеа најновите модели на машка и женска облека, аксесоари, па дури и чевли и позираа пред фото – објективитe.

Одговорен за рекламната кампања со кучињата е креативниот директор на брендот Џони Јохансон, а фотографиите се дело на фото – експертот Вилиам Вегман кој има повеќе од 40 годишно искуство во фотографирање на оваа раса кучиња.

2

Имено, овој фотограф ги фотографира кучињата на најразлични начини – со цигари, во очила и екстравагантни креации, а токму тоа го привлекло вниманието на дизајнерот на најновата линија од Acne.

3

Во модниот свет настапи вистинска ера на домашните миленичиња. Оваа сезона на Лондонската модна недела настапи една мала пудличка, во Њујорк популарна беше сиамската мачка, а на ревијата на Moncler во Париз на подиумот прошетаа неколку хаски.

4 5 11

- Реклама -