Палеонтолозите сé почесто се прашуваат дали кучешките заби, оние прекрасни тројки што ни штрчат од горната вилица – за кои некои древни народи верувале дека означуваат колку сте мудри – имаат посложена улога во еволуцијата од таа праисториската да го раскинуваат месото при јадење.
Студијата објавена во научниот журнал PLOS ONE ги проучува песјаците на нашите предоци од дамнешните времиња, од оној момент во еволуцијата кога забите на терапсидите – претходници на цицачите, почнале да се одвојуваат во различни типови, пред 300 милиони години. Се веруваше дека долгите и остри заби биле корисни за лов или борба, но нивното постоење во устите на хербиворите (растенојади) е проблем за таквата теза. Зошто на мирољубивите тревојади би им требале такви остри заби?
Денес моржевите и елените ги користат кучешките заби за заведување на партнерите, но и за закана, а кај многу видови овие заби се многу подолги, поголеми и поистурени кај мажјаците отколку кај женките. Едно истражување на скелетот на Choerosaurus dejageri – рептил од добата на пред-цицачите, од кого подоцна се развиле и цицачите, покажува дека неговите песјаци биле најверојатно полни со нерви и вени. Овие заби биле воглавно бескорисни во борбите, но доволно чувствителни и впечатливи да привлечат парнер.
Песјаците пронајдени „стотина милиони години пред цицачите или напредните диносауруси воопшто да прикажат вакво однесување“, вели предводникот на истражувањето Џулиен Беноа во соопштението, би можеле да доведат до нови сознанија околу еволуцијата на сексуалниот живот.
Уште поважно, новите сознанија би можеле конечно да објаснат зошто толку наши познаници се палат на вампири, ставаат вештачки кучешки заби и зошто со занес гледаат Twilight.