Куче спасило три деца од смрт

Од неверојатна опасност кучето Џеф успеало да спаси три деца, отако во нивната куќа во Австралија налетала змија отровница.

Не чувствувајќи го злото, децата по потекло од Москва, си играле во дворот во Квинсленд.

Во еден момент влегла една од најголемите змии отровници, австралиска смеѓа змија чија една капка од отровот може да убие дури 16 луѓе. Кучето храбро и се спротивставило на змијата, а во намерата да ги заштити своите мали сопственици, не го предомислило ни загризувањето врз грбот. Продолжило да се бори се додека не ја усмртил отровницата. Пред крајот на битката на местото стигнал и таткото на  децата.

Кучето било веднаш однесено на ветеринар, откако по нанесување на противотровот кучето почнало да заздравува. Од ветеринарната служба велат дека вистинско чудо било тоа што кучето успеало да преживее.
http://youtu.be/KXfjGX9r_dY

- Реклама -