Обично кучињата и мачките се прифатени како непријатели број еден, но во Нов Зеланд тие се повеќе од пријатели, веќе се фамилија.
Мачката Рори била спасена благодарение на трансфузија од куче, откако се затрула со отров за глувци. Необичната операција била извршена од ветеринарот Кејт Хелер, која сфатила дека мачето нема шанса за живот, ако не добие веднаш крв.
Операцијата била доста опасна и можела да биде фатална, но за среќа крвните групи се совпаднале правилно и Рори е жива и здрава, бчагодарени на нејзиниот другар.