Бебе старо само 2 недели било пронајдено заедно со куче што исчезнало од фарма, под мост, во многу нездрави и опасни услови.
Бебето било пронајдено под мост во Винконго, близу Болгатанга, горниот источен регионален главен град на Гана. До откритието дошло откако потрагата по куче што исчезнало од фарма завршила токму под мостот, каде што лојалното животно го заштитувало малото човече од опасностите во околината.
Според извештаите, малото и ранливо бебе било оставено под мостот од непознати причини и доколку не се појавело кучето херој, големи се шансите дека животот ќе му завршел уште пред вистински да започне. Тоа било најдено со непресечена папочна врвка која веќе била инфицирана, но откако тој проблем бил саниран, докторите заклучиле дека бебето е во добра општа состојба.
Бебето во моментов се наоѓа во локален здравствен дом, каде што ќе остане додека да му биде пронајден нов дом. [Dog saves abandoned newborn baby]