20 годишната внука на Одри Хепберн – Емма Ферер се појавува на насловната на септемвриското издание на Harper’s Bazaar. Фотографиите се дело на Michael Avedon, 24 годишниот внук на фотографот Richard Avedon, кој многу пати ја фотографирал Одри Хепберн во текот на нивните кариери. Во фотосесијата, Емма позајмува доста од елеганцијата на нејзината прабаба, инспирирајќи се од нејзиниот стил и пози што станаа нејзин заштитен знак и што ја направија филмска дива.