Крвавата судбина на биковите од Сан Фермин, без цензура

tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-body-image-1469522437-size_1000

Секоја година, од 6-ти до 14-ти јули, во Памплона се одржува фестивалот Сан Фермин. Меѓу атракциите се дневна парада, натпревар во резбарење дрво и огномет, но најпознато, и најконтроверзно, е трчањето со бикови секое утро во 8 часот.

Во суштина, тоа изгледа вака: Група збунети и исплашени специјално одгледани „борбени“ бикови, секој тежок по половина тон, се пуштени да трчаат низ тесните улици на градот, „мотивирани“ од извици, пукотници и електрошокови. Пред нив трчаат луѓе во бели облеки, демек биковиве ги бркаат. Тоа трае цели 875 метри. Годинешниот Сан Фермин заврши со 8 полесно повредени.

Кога трката завршува, сите бикови ги чека иста судбина: смрт во корида, подоцна истиот ден.

Леонардо Анселми е претставник на Prou!, група која се залага за забрана на борбата со бикови во замена за таканаречениот correbous – каталонски обичај при кој на роговите на биковите се закачува огномет.

„Иако би сакале да веруваме дека биковите се тие што ги бркаат луѓето, обратно е“, вели Анселми. „Тие само се обидуваат да побегнат бидејќи се преплашени“.

Освен стравот, „трката“ низ Памплона не изгледа посебно опасна за биковите, но всушност таа завршува кога „биковите се затворени во шталите каде ја чекаат попладневната борба во која ќе бидат прободувани со копје додека не искрварат до смрт“.

tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-body-image-1469522402-size_1000

Иако забраната на борбата со бикови делува далечна, Анселми вели дека за неа нема иднина. „Настрана етиката, прескапо е. Ако државата престане да ги субвенционира, арените ќе мораат да затворат“.

Сан Фермин не е само фестивал каде се собираат љубителите на борбите со бикови, туку и збиралиште на активистите за права на животните, кои редовно протестираат против настанот. Една од тие групи е и Colectivo Britches, кои против коридата се борат со фотографии. На овие во продолжение е документирана борбата со бикови од 14 јули, последниот ден на Сан Фермин.

tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-827-1469522724 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-577-1469522469 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-951-1469522504

tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-149-1469522482 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-670-1469522568 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-858-1469522516 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-232-1469522527 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-707-1469522594 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-648-1469522576 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-959-1469522617 tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-673-1469522701

tragicne-fotografije-pokolja-na-spanskom-festivalu-borbe-sa-bikovima-588-1469522475

- Реклама -