Напаѓачот кој усмрти најмалку 13 лица во колеџ во Орегон е идентификуван како Крис Харпер Мерсер (26), а додека се пресметувал со полицијата носел четири пушки со себе.
Напаѓачот кој влегол на колеџот во Орегон ги издвоил христијанските од останатите студенти пред да ги убие, тврди таткото на еден од повредените, пренесува CNN.
Пред да биде одведена на операција на р‘бетот, студентката Анастасија Бојлан им рекла на својот татко и брат дека напаѓачот упаднал во училницата со пукање.
„Ова го чекав со години!“, наводно му рекол напаѓачот на еден од професорите, а потоа го убил од непосредна близина.
Тогаш биле погодени и други студенти во групата. Сите во училницата паднале на земја. Во тој момент напаѓачот полнејќи ја пушката им рекол да станат и да одговорат кои се христијани меѓу нив.
Кога станале им рекол: Добро, ако сте христијани ќе го видите Бог за неколку секунди. Започнал да пука и да ги убива, раскажал таткото на Бојлан.
Њујорк Тајмс пишува дека Харпер Мерсер е опишан како „огорчен млад човек исполнет со омраза“.
Се наведува дека на социјалните мрежи изразил восхит кон Вестер Фланеган, напаѓачот кој во програма во живо уби двајца американски новинари.
Напаѓачот е мртов по претсрелките со полицијата.