Кристофер Зундберг: Call of Duty: Ghosts и Battlefield 4 означуваат крај на една ера

Кристофер Зундберг ( Christofer Sundberg ), сопственик на Avalanche Studios ( Just Cause , Mad Max ) го објави своето мислење за последните хитови на Infinity Ward и DICE – Call of Duty : Ghosts и Battlefield 4, со тоа што ги нарече игри, кои означуваат ” крај на една ера “.

Според Зундберт Call of Duty е наслов кој е целосно лишен од иднината, а Battlefield може да опстане понатаму единствено и само како мултиплеер игра и тоа како F2P наслов.

На прашањето од страна на Eurogamer за тоа дали сериите би можеле да го продолжат својот живот, ако бидат поделени на сингл и мултиплеер, како посебни изданија , Зундберг изјави: “Не мислам дека има место за две игри, освен ако тие не бидат направени радикално различни една од друга и издавачите не најдат друг начин да добијат финансиски приходи од играчите “.

Според неговите зборови игрите би можеле да опстојуваат како F2P наслови, но ако само конкретно не се каже дека тие се такви и ако биде изградена една сосема нова платформа. “Мислам дека ако не ги наречат F2P, тоа ќе клуч за успех. Изгради го како платформа, натерај ги играчите да инвестираат во него и привлечи ги”, вели тој.

Во моментов компанијата Avalanche, создавач на игрите како Just Cause and Just Cause 2 работат на Mad Max – наслов со отворен свет, игра базирана на истоимениот филмски хит со учество на Мел Гибсон .

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -