Кристофер Нолан е човекот кој франшизата за Бетмен ја направи помрачна, посериозна – и многу подобра од останатите Бетмен филмови. Најновата вест е дека тој по трет пат ќе седне на режисерското столче, за третиот и последен филм за Темниот витез.
Кристофер Нолан е човекот кој франшизата за Бетмен ја направи помрачна, посериозна – и многу подобра од останатите Бетмен филмови. Најновата вест е дека тој по трет пат ќе седне на режисерското столче, за третиот и последен филм за Темниот витез.
Режисерот Кристофер Нолан важи за режисер кој не дава информации и работите ги држи во тајност. Па затоа голема е веста кога режисерот на „Memento“,„The Prestige“ и на новиот хит „Inception“ – потврди дека ќе застане и зад третиот филм за Бетмен. Откако поминаа неколку месеци во кои тој не кажуваше ништо за тоа дали ќе ја прифати работата, Нолан, кој застана и зад последните два филма за Бетмен – „Batman Begins“ и „The Dark Knight“, изјави за Empire Magazine дека ќе ја прифати одговорноста и за третиот дел, кој ќе биде и последен.
Нолан изјави: „Станува неизбежно, вака ќе го кажам тоа…се чуствувам како да паѓам во тоа, претпоставувам. Многу сум возбуден околу тоа што го правиме“.
Тој исто така изјави дека сценариото ќе го работи заедно со неговиот брат Џонатан, како што беше случајот и за „The Dark Knight“. Само еден ден пред тоа, Мајкл Кејн во едно интервју за BBC Radio 1 изјави дека снимањето најверојатно ќе започне во Мај. Кога го прашала дали тој ќе ја повтори улогата на батлерот Алфред, Кејн одговрил: „Претпоставувам дека ќе бидам таму. Во филмскиот бизнис никогаш не верувате во ништо, само претпоставувате“. Бидејќи Мајкл Кејн се појави во последните четири филма на Кристофер Нолан, можеме со сигурност да кажеме дека ќе биде и тој дел од екипата. иако тој вели дека Нолан сеуште не му кажал кој ќе биде негативецот во третиот дел.
Нолан исто така изјави дека и третиот филм за Бетмен ќе биде и неговиот последен, завршувајќи си ја планираната триологија. Но, тој нема да им каже збогум на суперхероите: тој работи на новата верзија за Супермен, иако како продуцент, а не како режисер. Тој развива приказна за Човекот од челик заедно со ко-авторот на „Batman Begins“, Дејвид С. Гојер. Нолан останува да се сретне со потенцијалните режисери за новиот Супермен филм, за кој вели дека ќе го прикаже на друг начин, како што го направи тоа со Бетмен. Како потенцијални режисери се спомнуваат: Дарен Аронофски („Black Swan“), Мет Ривс („Let Me In“), Тони Скот („Unstoppable“) и Знак Снајдер („Watchmen“).
Дополнителни информации за филмот, како и одговорот на најважното прашање: кој ќе биде негативецот? – очекувајте во наредниве неколку месеци. Сега за сега, филмот кој сеуште нема наслов се зборува дека ќе има премиера летото во 2012.