Кристина Агилера во последно време не се појавува често на црвениот тепих, но затоа вчера сите очи беа вперени кон неа.
Пејачката присуствуваше на доделувањето на Breakthrough Prize Award и со себе го донесе гламурот од стариот Холивуд.
Таа се појави во долга тоалета со длабоко деколте и гол грб. Црната тоалета која е извезена со златни детали на прав начин ги истакна нејзините облини, а во склад со стајлингот беше и нејзината руса коса и неутралната шминка.