Кристина Агилера е позната по тоа што секогаш е секси облечена, со високи потпетици и силна шминка, па нормално е дека не сака да биде „фатена“ кога изгледа неподготвено. Сепак, 32-годишната пејачка вчера не успеа да им побегне на папарацо-фотографите, симнувајќи се на аеродромот во Лос Анџелес. Таа изгледаше целосно природно, без шминка, гламурозен фустан и штикли, и беше речиси непрепознатлива. Уморната Агилера беше придружена од нејзиниот син Макс Лирон Бретмен, и момчето Метју Рутлер.