Кристина Агилера со старата совршена линија во новото видео

Иако речиси сите ја критикуваа заради вишокот килограми, сега истите можат само да и подзавидат на Кристина Агилера.

Пејачката е горда на конечното враќање на нејзината стара линија, што го покажа и во нејзиното најново музичко видео за песната „Let There Be Love“.

Во истото таа ја покажува нејзината поддршка кон LGBT популацијата и изгледа посамоуверено од кога и да било до сега.

Покрај неа, во видеото се појавува и нејзиниот петгодишен син Макс Лирон, како и пријателките Никол Ричи и Кристина Милан.

[youtube]http://youtu.be/AYRfOozYUvk[/youtube]

- Реклама -