Иако до неодамна изјавуваше како откако се здебелила се чувствува најпосакувано и позгодно од кога и да било, Кристина Агилера (32), очигледно, одлучила да поработи на своето тело и да се лиши од вишокот на килограми.
На премиерата на четвртата сезона на серијата „The Voice“, пејачката го презентираше нејзиниот нов, видно ослабен изглед. На црвениот тепих таа прошета во кусо црно здолниште кое го истакнуваше нејзиниот сега потенок струк, и витките нозе.
Освен телесната промена, пејачката помина и низ вистинска модна трансформација. За разлика од последниот пат кога се појави во виолетова тоалета со длабоко деколте, блескав накит и силна шминка, овој пат Агилера се одлучи за поприроден изглед.