После раскинувањето со Роберт Патинсон, Кристен Стјуарт е наводно во врска со Тамара Настин, асистентката на Кејти Пери.
Очевидците велат дека Кристен пристигнала во хотелот со Тамара, и дека од собата излегле дури утредента.
„Стигнаа во хотелот и ја поминаа ноќта заедно. Сите забележаа дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.“
Кристен до неодамна тагуваше затоа што Роберт Патинсон ја раскина нивната врска. Актерот не можеше да се помири со фактот дека таа го изневери со Руперт Сандерсон.
Роберт замина на снимање на филм во Австралија, а на својата поранешна девојка и порача дека не сака да ја види повеќе.
Според пренесувањето на американските медиуми, Кристен тагувала и не сакала да излезе од дома, но, нејзиниот пријател Тејлор Лојтнер, направил се што може да и помогне на Кристен да излезе од кризата.