Почнаа караниците во познатото семејство Кардашијан-Џенер. Крис Џенер е разочарана од начинот на кој нејзиниот поранешен маж, сега веќе жена Кејтлин во своето прво интервју зборувала за својот 25 годишен брак.
Во новата сезона на реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ се прикажува како реагираат членовите на семејството Кардашијан за првото појавување на Кејтлин Џенер во магазинот “Vanity Fair“. Иако на почетокот изгледаше како сите да ја подржуваат Кејтлин, сепак испадна дека не се задоволни од неговото однесување.
Во еден телефонски разговор меѓу Крис и Ким, Крис упати навредливи зборови (пцовки) спрема Кејтлин.
Таа исто така изјави дека се кае за денот кога го запознала овој човек.
Клои најмногу ја подржува својата мајка, таа упати порака до Кејтлин дека ако тој не ја почитува нивната мајка, тогаш ни тие нема да го почитуваат него.