Таму некаде горе на листата со најлоши нешта на светов е топлото пиво. Ма глупости, тоа не е ни пиво.
За среќа, живееме во време во кое постои специјална кригла која го решава проблемот. Наречена е Stanley Vacuum Insulated Stein. Зад тоа фенси име всушност се крие термос, ама специјално прилагоден за пиво.
Направен е од нерѓосувачки челик. Никаква пластика и никаква синтетика. Една кригла тежи 1.28 килограми. Димензиите ѝ се 6 х 4.1 х 8.1 инчи. Ја има во неколку дизајни и во неколку бои. Чини околу 35 долари.
И да прејдеме на главното: Криглата гарантира дека нема шанси пивото да ви се стопли, дури ни на најтопол летен ден. Нема ни да изветрее. Според производителот, можете да го лигавите така и до 9 часа.