Кревет од 50.000 долари подобар и од секс

starrynightbedНа овогодинешниот CES кој се одржа неодамна во Лас Вегас, производителот на душеци Leggett & Platt го претстави креветот на креветите – Starry Night Bed. Производителот тргнува од идеата дека се повеќе работи правиме во нашите кревети. Помина времето кога тие служеа за спиење – сега во креветот се чита, слуша музика, работи (на лаптоп) па дури и се јаде.

На овогодинешниот CES кој се одржа неодамна во Лас Вегас, производителот на душеци Leggett & Platt го претстави креветот на креветите – Starry Night Bed. Производителот тргнува од идеата дека се повеќе работи правиме во нашите кревети. Помина времето кога тие служеа за спиење – сега во креветот се чита, слуша музика, работи (на лаптоп) па дури и се јаде.

 

bed

Како и да е ова не е обичен кревет, а тоа го потврдуваат и неговите спецификации: 

  • Контрола на температурата (од 20 до 47 степени)
  • Anti-snore технологија која го настранува креветот за 7 степени кога ќе за’рчите, ослободувајќи ги при тоа дишните патишта, а го враќа во првобитна положба кога ќе престанете
  • Центар за набљудување и анализа на движења и станувања во текот на ноќта
  • Вграден компјутер со можност за конектирање на интернет, 1,5 терабајти меморија, 2500 вати RMS озвучение, проектор, монитор осетлив на допир, и што е најавжно од се – далечинско
  • Вграден масажер
Прочитајте и:  Најмногу срцеви удари се случуваат во РЕМ-фазата на сонот

…и доста други опции. Со вакви забавни опции кои „лежат“ наоколу на кој би му паднало на памет секс? Повеќе за чудово од кревет можете да видите и од следното видео или пак на овој линк.

{youtube}UjfYACBYxe4{/youtube}

- Реклама -