Крем тестенини со спанаќ, сирење и печени печурки

Наш предлог за лесен и вкусен неделен ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:

Состојки:

300 гр свежи печурки, може да користите шампињони или буковка, по ваш вкус
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет
1 лажица мелен лук во прав
сол и црн бибер, по вкус
1 пакетче тестенини „ротини“
1 шолја сирење
4 шолји млад спанаќ, лесно обарен
1/3 чаша свежо сецкани босилек

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги  печурките во тава и прелијте ги со маслиновото масло и оцетот, зачинете ги  со мелениот лук, сол и бибер. Печете ги околу 15-20 минути,  додека печурките да омекнат.

2. Сварете ги тестенините и откако ќе бидат готови, сочувајте една чаша вода, од водата во која што се вареа.

3. Сварените тестенини измешајте ги со потпечените печурки, спанаќот  и додадете го сирењето. Малку по малку додавајте од топлата вода во која се вареа тестенините, како би го растопиле сирењето, за да добиете кремаста структура. Додадете го свежиот босилек и малку сол и бибер.

Послужете ги тестенините додека се уште топли.

Creamy-Goat-Cheese-Spinach-and-Mushroom-Pasta

 

- Реклама -