Овој потаж од тиква и морков е совршен за ладните денови кога ни треба нешто топло, вкусно и хранливо. Комбинацијата од тиква и морков создава кремаст, сладок и богат вкус, а супата е лесна за подготовка и со минимални состојки. Одличен избор за семеен оброк.
Потребни состојки:
(за 6 лица)
1,5 l вода
400 гр тиква (исечена на коцки)
3 моркови (исечени на прстени)
2 главици кромид
сол и бибер
свеж компир
2-3 чешниња лук
Подготовка:
Во тенџере со 1,5 литри вода ставете ги тиквата, морковот, кромидот и компирот и варете ги 20 до 25 минути.
Кога зеленчукот ќе се свари, исцедете малку повеќе од половина од водата од тенџерето во кој останал сварениот зеленчук.
Земете рачен миксер и испасирајте го зеленчукот за да се добие густа маса (ако немате рачен миксер, исцедете го зеленчукот и изблендирајте).
Вратете го на шпорет, посолете и побиберете. Штом ќе зоврие, варете уште две минути, па тргнете го од шпорет, додадете сечкан свеж магдонос и лук, измешајте и оставете го на страна.
По желба можете да додадете павлака, крутони или коцки сирење.
Пријатно!