Пред неполни 30 години The Buggles го лансираа нивниот најголем хит "Video killed the radio star". Па и не помина многу време за тоа навистина да се случи. MTV повторно ги вратија на врвот со отворањето на нивната музичка империја, иронично започнувајќи баш со таа песна.
Во меѓувреме бевме и сеуште сме сведоци на милиони видео спотови кои што ги врти MTV, па и останатите музички канали кои што претендираат да и се доближат. Со тек на време монополот и цензурта си го направија своето, па последната деценија уметноста ја ставија во втор план. Дојде период кога доколку не имаш да и покажеш на публиката скап видео спот (претежно со разголени жени), ништо од музичката кариера. Но сето тоа беше така до пред 2 години кога OK Go го upload-ираа својот видео спот за нивната песна "Here it goes again" и повторно ги воскреснаа иновативноста и уметноста, со што култниот термин на MTV – TRL го заменија со URL.
Во продолжение следуваат неколку од најдобрите режисери во моментот кои што со своите видеа презентирани на некомерцијален начин допреа до срцата на илијадници корисници жедни за добро видео.
Музиката, во овие случаи, е во втор план.
Bright Eyes – "At the bottom od everything"
{youtube}qikRcAiCtKM{/youtube}
Rik Cordero
Nas – "Be a nigger too"
{youtube}Mfz7wVxzuoE{/youtube}
Matthew Cullen
Weezer – "Pork and beans"
{youtube}muP9eH2p2PI{/youtube}
Vicetnt Morisset
Arcade Fire – "Neon Bible" www.neonbible.com/
{youtube}Plr9e9P9HHw{/youtube}
Keith Schofield
Fatboy Slim – "Toe Jam"
{youtube}1D-8W4HXFlE{/youtube}