Дворот или терасата за повеќето претставува надрагоценото место во домот, кое е како создадено за релаксација и средување на мислите. Чувството да го уредите ова мало катче да биде што покомфорно е неописливо, особено доколку некои од елементите во него ги имате создадено самите, со вашиот труд и макотрпна работа. Затоа, доколку одамна немате направено ништо со што се гордеете дека е ваш производ, ние ви нудиме креативен предлог. Украсете ги вашите саксии, и збогатете го зеленилото со уште едно цвеќе. Овој проект нема да ви одземе многу време и пари, а ќе направи да се почувствувате исполнето и среќно. Со мала доза на креативност ќе успеете сето тоа да го изведете и со стари и непотребни предмети кои залудно ви фаќаат прашина. Погледнете ја галеријата подолу, која со сигурност ќе ве инспирира како да го разубавите вашето омилено катче во домот.