„Креативна дружба во дворче“ во Europe House Veles

На 30 јули во 20.30 часот во Europe House Veles започнувс серијалот „Креативна дружба во дворче“.

,,Нашиот Vol.1 ќе биде една специфична Paint & Piano верзија каде заедно со добра музика, за која ќе се погрижи Александар Манев, ќе сликаме на платно и буквално ќе ја оживееме уметноста. Покрај создавањето на уметнички дела, ќе имате можност да запознаете нови луѓе, да размените креативни идеи и да уживате во прекрасната атмосфера. Дојдете и изразете ја вашата креативност на платното, инспирирани од звуците на пијаното. Без разлика дали сте искусен уметник или само љубител на уметноста, оваа вечер ќе биде вистинско уживање за сите сетила” , порачуваат од Europe House Veles

- Реклама -