Краток водич за превенција и справување со поплави

08MACEDONIA-master768[1]

Поплавите не се нешто што може да се предвиди и ретко луѓето го имаат главниот збор во тоа како ќе се одвива ситуацијата. Но, тоа што може да се направи – треба да се направи.

Пред бурата

1. Чувајте ги одводите чисти од листови и отпад, отстранувајќи го што подалеку од одводите. Одводите на аглите или на ниските делови од улиците се особено клучни.

2. Ослободете се од паднати листови и друг отпад во дворот на соодветен начин – во области специјализирани за чување на отпад и депонии.

3. Насочете ги олуците на најмалку 3 метри од домот или објектот, и исчистете ги од било каков отпад.

4. Ако сте во област каде што е очекувана појавата на поплави, имајте вреќи со песок при рака, а вредните нешта чувајте ги на најбезбедните места.

Подгответе се за поплавата

1. Испланирајте ја најбезбедната рута од вашиот дом или местото каде што се наоѓате – до најблиската безбедна локација. Можно е итно да морате да ја напуштите локацијата, па погрижете се секој од тие со вас да го разбере планот и  да се согласи за договореното место за средба, во случај некој да се оддели од групата. Не заборавајте и на милениците/животните.

2. Направете листа од што повеќе вредни нешта кои ги поседувате во домот (или на работното место), особено документи, и потрудете се да ги пренесете на безбедно.

3. Залихите од конзервирана храна и вода за пиење, лекови и првата помош исто така чувајте ги на безбедно и лесно пристапно место, далеку од водата. Не заборавајте на батериски лампи, екстра сет од батерии, радио/токи-воки/мобилен и опрема за готвење.

4. Имајте полн резервоар за гориво во автомобилот. Исто така, во автомобилот чувајте и храна, вода, батерии и батериски лампи и лекови.

5. Ако имате мебел и други предмети во дворот, внесете ги дома.

Кога водата ќе почне да надоаѓа и да се крева

1. Набљудувајте ги радио и ТВ станиците или соопштенијата на Хидрометеоролошкиот завод, особено на локално ниво.

2. Ако официјалните лица советуваат евакуација, евакуирајте се брзо и што побезбедно. Може да добиете инструкции да се упатите кон конкретна локација. Следете ги.

3. Ако водата почне да надоаѓа околу вашиот дом, евакуирајте се на повисоко или во засолниште, дури и ако официјалните лица немаат упатено совет за евакуација.

4. Додека патувате, внимавајте на оштетени/одронети делови на патот, на области каде што реки или друга вода можат да надојдат и да ја поплават областа, и на паднати бандери. Внимавајте и на ниските области, како вдлабнатини на патот, или делови кои се под нивото на водата. Не се обидувајте да возите преку поплавен пат. Свретете наназад и возете во друг правец.

По поплавата

1. Водата за пиење може да стане контаминирана од материјалите што поплавата ги носи кон бунарите, а чистењето на истата е приоритет за да се спречи болест од влагата или мувлата.

2. Сите што користат вода од бунари во поплавени области треба да ја дезинфицираат водата вриејќи ја од 3 до 5 минути, потоа оставајќи ја да се олади пред пиење. Водата што се користи за миење заби, миење на садови или храна, треба да подлежи на истиот третман.

2а. АЛТЕРНАТИВЕН метод на дезинфекција е да се стават 8 капки течно белило во галон (околу 3.78 литри) вода – ако водата е чиста, или 16 капки течно белило во галон вода ако водата е матна. По додавање на белилото во водата, оставете ја мешавината да отстои барем 30 минути. По можност, секогаш користете флаширана вода од локалниот маркет.

3. Штом поплавата ќе се повлече, хлорирање и испирање на водата од бунарот е строго препорачливо. Тестирањето на водата за присуство на бактерии треба да се прави исклучиво од сертифицирана лабораторија, за да се утврди дали нивоата на бактерии се безбедни за консумација.

4. Исто така, по поплавата, проверете за влага на ѕидовите, подовите, килимите и мебелот. Влагата поддржува развој на мувла и фунги, што може да предизвика астма и други проблеми. За да спречите растење на мувла, отстранете што е можно повеќе влага по поплавата. Исушете ја внатрешноста на домот така што ќе ги отворите прозорите и вратите и ќе го загреете домот на по можност 15 степени повисока температура од надворешната. Изметете и отстранете ја останатата вода на подовите. Ако мебелот, облеката или други предмети биле поплавени од надојдената вода – отстранете ги и нив.

5. Миењето на рацете е подеднакво важен процес при чистењето на поплавните води, за да се спречи болест. Мијте ги често, дури и ако носите ракавици. Кога единствената достапна вода за миење е контаминирана, мијте ги со сапун и вода, а потоа со антибактериски санитизер.

6. Заштитете се за време на чистењето така што ќе носите ракавици и чизми. Проверете со вашиот лекар дали тетанус вакцината што ја имате примено можеби треба да биде обновена.

Извор

- Реклама -